Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука, дека ќе ги награди репрезентативците со 50.000 евра доколку успеат да се пласираат или обезбедат пласман во втора фаза на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка.
Пласман во наредна фаза носи првото и второто место во групата. Македонија утре со чартер лет заминува од Скопје до Дебрецин за настап на Европското првенство.
(фото-РФМ)📷