Екипата на Металург ги започна подготовките за пролетниот дел од Супер лигата, тимот ќе се обиде да избори место во плеј-офот.
До назначување на нов тренер, со екипата ќе работат Миле Бочкаровски и Злате Јанакиевски. На собирот отсуствуваа неколку ракометари кои се позитивни на ковид-19, и неколку играчи кој се со репрезентацијата.
Металург во наредната недела ќе се засили со неколку нови ракометари, а пред крај се и преговорите за нов тренер на клубот.

(фото-Рк Металург)📷