Во дербито Хрватска подобра од Србија, Русија ја изненади Норвешка

Во дербито Хрватска беше поуспешна од Србија со 23-20. Најефикасен во Хрватска беше Иван Чупиќ со шест погодоци, додека кај Србија најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со пет погодоци.

Русија минимално ја совлада Норвешка со 23-22 и направи изненадување на Европското првенство. Најефикасен во Русија беше Дмитри Житников со седум погодоци, додека кај Норвешка најефикасен беше Себастијан Бартолд со седум погодоци.

Резултати од 2. коло од Европското Првенство (мажи):

Чешка 27-19 Босна и Херцеговина

Франција 36-23 Украина

Македонија 24-28 Црна Гора

Словачка 31-26 Литванија

Хрватска 23-20 Србија

Норвешка 22-23 Русија

Словенија 23-34 Данска

Шпанија 32-28 Шведска

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.