Црна Гора ја преслуша Хрватска, Шпанија ја совлада Германија

Селекцијата на Црна Гора беше подобра во балканското дерби против Хрватска со конечни 32-26. Најефикасен во Црна Гора беше Бранко Вујовиќ со седум погодоци, додека кај Хрватска најефикасен беше Иван Чупиќ исто така со седум погодоци.

Шпанија ја совлада Германија со 29-23. Најдобар стрелец во Шпанија беше Хорхе Македа со шест погодоци, додека кај Германија најдобар беше Јоханес Гола со четири погодоци.

Резултати од главна фаза од Европското Првенство (мажи):

Црна Гора 32-26 Хрватска

Германија 23-29 Шпанија

Русија 23-29 Шведска

Франција 34-24 Холандија

Данска 28-24 Исланд

Полска 31-42 Норвешка

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести