Ракометниот клуб Охрид го доби првото зимско засилување од Голден Арт. Станува збор за голманот на Голден Арт, Даниел Ацев кој до јуни ќе го носи дресот на Охрид.
“Голманот на Голден Арт следните пет месеци ќе биде член на ракометниот клуб Охрид. Во соработка со двата клуба, а со цел поголема минутажа на младиот голман и индивидуален напредок, младиот скопски прволигаш кој работи на создавање млади македонски играчи се одлучи да го отстапи велешанецот Ацев на тимот на Раде Стојановиќ”, – изјавија од редовите на Голден Арт.
(фото – Рк Голден Арт)📷