Пикерот Томислав Кушан од наредната сезона во екипата на Лимож

Поранешниот пикер на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан од следната сезона ќе има нов клуб.

Томислав Кушан кој има 27 години од следната сезона се сели во францускиот тим Лимож, каде што со тимот потпиша договор на две години.

“Среќен сум што се приклучувам на Лимож, кој има добар проект, клуб со кој со нетрпение очекувам да работам. Ќе пристигнам во ново првенство со многу високо реноме и ќе мора да дадеме се за да успееме во нашите идни цели”, – изјави Томислав Кушан.

(фото – Рк Лимож)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.