Репрезентативецот на Холандија, Дани Бајенс потпиша за германскиот тим Хамбург и ќе игра во Бундес лигата.
Дани Бајенс кој има 23 години, следното лето се сели во Хамбург, откако потпиша договор на две години. Тој игра на позицијата среден бек и доаѓа од екипата на Хам Вестфален, а претходно настапуваше и за Лемго и за Фленсбург.
“Хамбург е супер добра адреса во Германија, секогаш сум го следел клубот затоа што развојот навистина ме привлече. Многу сум среќен што наскоро ќе можам и самиот да играм овде“, – изјави Дани Бајенс.

(фото – Рк Хамбург)📷