Словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак од следната сезона ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер.
Урбан Лесјак кој настапува на позицијата голман, потпиша договор со екипата на Еурофарм Пелистер на две години. Тој доаѓа од екипата на Хановер, а настапува и за репрезентацијата на Словенија.
“Ни причинува особено задоволство да ги информираме сите наши приврзаници и навивачи за уште едно бундеслигашко засилување во нашите редови. Рк Еурофарм Пелистер постигна договор со словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на нашиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година.
Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.
Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.”- се вели во соопштението од Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷