Познати термините за Македонија и Романија за бараж двомечот

Репрезентацијата на Македонија и Романија ќе одиграат бараж двомеч за пласман на Светското првенство во јануари во Шведска и Полска.

Натпреварите ќе бидат одиграни во Скопје и Букурешт. Македонија ќе биде домаќин на првата средба на 17 март во салата “Борис Трајковски”, а почетокот на натпреварот ќе биде во 19 часот.

Потоа на 19 март, Македонија ќе гостува во Букурешт, а почетокот е во 17 часот. Победникот од овој двобој во април ќе игра со репрезентацијата на Чешка во вториот бараж.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести