Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа убедлива победа против Чаир од 40-29 во 1. коло од плеј-офот во Женската Супер лига.
Ѓорче Петровки на полувремето имаа предност од два гола разлика 15-13. Во вториот дел разликата на Ѓорче Петров порасна, и екипата забележа висока победа против Чаир.
Најдобар стрелец во екипата на Ѓорче Петров беше Анастасија Белевска со осум погодоци, додека кај екипата на Чаир најдобар стрелец беше Ана Марија Божиновска исто така со осум погодоци.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷