Ракометарките на Деспина забележаа победа на гостувањето во Струга кај екипата на Стружанка со минимални 25-24.
Деспина добро го почна натпреварот и на полувремето замина со предност од 12-10. Во вториот дел Стружанка успеваше да се врати, но екипата на Деспина со гол во финишот успеа да слави.
Најефикасна во екипата на Деспина беше Сања Цветкоска со десет погодоци, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Деспина)📷