Костика Бучечи нов селектор на женската сениорска репрезентација на Турција

Ракометната Федерација на Турција назначи нов селектор на женската сениорска репрезентација. Станува збор за поранешниот тренер на Кастамону, Костика Бучечи.

„Пред се, многу сум среќен што имам можност да ја тренирам репрезентацијата. Заедно со мојот тим ќе создадам силен тим кој ќе може да предизвикува и да се бори против противниците од сите нивоа. Друга моја цел ќе биде да најдам млади и талентирани играчи кои во иднина ќе го формираат костурот на националните тимови и да им помогнам да се издигнат на нивото на репрезентацијата“. – изјави селекторот Костика Бучечи.

(фото-Ракометна Федерација на Турција)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести