Дора Калаус потпиша за Подравка, во која настапува и нејзината сестра Лариса Калаус

Екипата на Подравка се засили со ракометарката Дора Калаус која игра на позицијата десен бек.

Дора Калаус која има 25 години со екипата на Подравка потпиша двегодишен договор. Таа доаѓа од екипата на Локомотива Загреб. Во Подравка настапува и нејзината сестра близначка Лариса Калаус. Дора Калаус настапува и за репрезентацијата на Хрватска.

“Доаѓањето во Подравка за мене значи нов предизвик во мојата ракометна кариера, напредок во животот и ракометот. Морам да го изразам и моето огромно задоволство што се враќам во клубот во време кога се случуваат промени и се дефинираат нови насоки,”- изјави Дора Калаус.

(фото-ЖРК Подравка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести