ППД Загреб славеше против Пик Сегед, Кил минимално го порази Елверум

Екипата на ППД Загреб забележа победа против Пик Сегед со 26-24 во Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на ППД Загреб беше Сандро Обрановиќ со седум погодоци, додека кај екипата на Пик Сегед најефикасен беше Мигел Мартинс со пет погодоци.

Ракометарите на Кил славеа минимална победа против Елверум од 31-30 во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во составот на Кил беше Сандер Сагосен со шест погодоци, додека кај екипата на Елверум најдобар стрелец беше Ерик Јохансон со осум погодоци.

Резултати од 11. коло од Лигата на шампионите (мажи):

Динамо Букурешт 30-35 Барселона

Елверум 30-31 Кил

Мотор Запорожје-ПСЖ одложена

ППД Загреб 26-24 Пик Сегед

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести