Ракометарките на Куманово дојдоа до победа на гостувањето кај екипата на Чаир со 25-27 во Супер лигата.
Кумановки добро тргнаа во првото полувреме и имаа предност на полувремето од 11-16. Во вториот дел натпреварот беше поинтересен домашните се обидуваа да се вратат, но Куманово на крај успеа да слави победа.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Богојеска со четири погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Божиновска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷