Ѓорче Петровки убедливи против Пелистер во Битола

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со убедливи 36-20 во плеј-офот од Супер лигата.

Ѓорче Петров доминираше на теренот, па така на пауза имаше предност од 16-8. Вториот дел од натпреварот беше само формалност екипата на Ѓорче Петров да ја завери победата во Битола.

Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Николовска со шест погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Рујановска со седум погодоци.

(фото-ЖРК Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.