Борко Ристовски и следната сезона останува во Вардар!

Голманот на Вардар и поранешниот голман на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски и следната сезоната останува во Вардар 1961.

Тој го продолжи договорот со екипата на уште една сезона до 2023 година. Борко Ристовски освен во Вардар, настапуваше и во Бенфика, Барселона, Рајн Некар Левен, Кретеј, Металург, настапуваше и за репрезентацијата на Македонија.

“Човек сум кој сака да дава шанса на помладите. Среќен сум и задоволен од развивањето на Томовски. Тој е меѓу трите најдобри ракометари во Лигата на шампионите, додека пак Гогов е млад. Треба да се става акцент на младите, секогаш кога имав можност им отстапував минутажа на двајцата во договор со тренерите. Го продолжив договорот со Вардар на уште една сезона,” – изјави Борко Ристовски на денешната прес-конференција.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести