Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за ЕХФ Евро Купот

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки во рамки на ЕХФ Евро Купот.

За време на ЕХФ неделата сениорките ќе одираат два натпревари против селекцијата на Словенија од ЕХФ Евро Купот 2022. Натпреварите се закажани за 03.03.2022 (четврток) во Цеље, Словенија и 06.03.2022 (недела) во Скопје.

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 28.02.2022 (понеделник) во 12:30 часот во Хотел Александар Палас.

Во ЕХФ Евро Купот учесници се домаќините на Европското првенство, Македонија, Црна Гора и Словенија, како и европскиот и светскиот шампион Норвешка.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.