Женската сениорска репрезентација на Словачка доби нов селектор

Хорхе Дуењас е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Словачка. Договорот со Федерацијата на Словачка ќе трае до 2024 година.

Хорхе Дуењас е шпанец, и претходно работеше како селектор на женската сениорска репрезентација на Шпанија и Бразил.

„Тоа е чест за мене. Му благодарам на Словачкиот ракометен сојуз за укажаната можност. Кога ја добив оваа понуда, тоа беше изненадување за мене. Словачка има играчи на добро ниво, иако не на највисоко, но има перспектива да се работи и да се подобрува чекор по чекор. Треба да ја подобриме нашата одбрана и да играме помодерно во нападот. Ако сакаме да постигнеме подобри резултати, мора да промениме некои детали во системот на играта,” – изјави Хорке Дуењас селектор на Словачка.

(фото-Ракометна Федерација на Словачка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести