Еурофарм Пелистер го совлада Кадетен Шафхаузен во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на домашен терен против Кадетен Шафхаузен со минимални 27-26 во натпревар од Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше водство, и на полувреме замина со предност од 15-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на битолчани, Кадетен се обидуваше да се врати но не успеа да се врати и мораше да се задоволи со пораз во Битола.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Јосип Периќ со седум погодоци, додека кај екипата на Кадетен Шафхаузен најефикасен беше Зендер со шест погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.