Младост Богданци ги освои бодовите со Преспа

Екипата на Младост 1977 Богданци со победа се враќа од гостувањето во Ресен кај екипата на Преспа со конечни 25-23 во Првата лига.

Во првото полувреме беше израмнето и се играше гол за гол, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат 12-12. Во вториот дел се играше пак израмнето, но гостите успеаа да направат предност за на крај да си одат со победа.

Најефикасен во екипата на Младост 1977 Богданци беше Мите Караиванов со девет погодоци, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Златко Везенковски со седум погодоци.

(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.