Екипата на Астибо ја забележа првата победа во плеј-аутот во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Феникс АМС со 32-27.
Екипата на Астибо добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше предност од 18-10. Во вториот дел екипата на Астибо ја зачува предност до крај и ја забележа првата победа во плеј-аутот.
Најефикасна во екипата на Астибо беше Драгана Стојанова со девет погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со 11 погодоци.
(фото-ЖРК Астибо)📷