Норвешкиот тим Колстад се пофали дека потпишале договор со новиот тренер Кристијан Берге, кој ја напушта репрезентацијата на Норвешка и се враќа на клупскиот ракомет.
Кристијан Берге кој има 48 години со екипата на Колстад потпиша договор до летото 2024 година. Тој после осум години ја напушта селекцијата на Норвешка.
“Тоа е одлична можност да се вклучите во градење и развивање на нешто неверојатно возбудливо. Секако, екстра интересно е што оваа инвестиција се прави во клуб во мојот роден град,” – изјави Кристијан Берге.

(фото – Рк Колстад)📷