Илија Брозовиќ го продолжи договорот со Хановер

Хрватскиот ракометар Илија Брозовиќ го продолжи договорот со германскиот тим Хановер.

Тој го продолжи договорот до крајот на сезоната до 2025 година. На 144 натпревари во Бундес лигата постигна 351 гол за екипата на Хановер. Претходно настапуваше и во Кил и во екипата на Хамбург.

„Во мојата досегашна кариера никогаш не сум бил во клуб толку долго колку со Хановер. Тоа покажува колку удобно се чувствуваме јас и моето семејство во Хановер. Имам одличен тим и добар тренер овде. Затоа навистина се радувам на следните години,“ – изјави Илија Брозовиќ.

(фото-Рк Хановер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести