Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа убедлива победа против Текстилец со 31-23 во Првата лига.
Јуниор Кисела Вода на пауза имаше предност од 16-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на Јуниор Кисела Вода за на крај да забележи убедлива победа против Текстилец.
Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Дарио Симоноски со пет погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Васе Петров со 11 погодоци.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷