Екипата на Бутел Скопје забележа победа на гостувањето во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со минимални 32-31 во плеј-офот во Супер лигата.
Бутел Скопје одигра добро прво полувреме и замина со предност од 17-12 на полувреме. Во вториот дел Бутел Скопје продолжи со добрата игра, Еурофарм Пелистер 2 успеа да се врати но не доволно за победа.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Павле Атанасијевиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Златко Мојсоски со седум погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷