Вардар Неготино со лесна победа на свој терен против Преспа

Ракометарите на Вардар Неготино забележаа лесна и убедлива победа на домашен терен против Преспа 2015 со конечни 34-20 во Првата лига.

Вардар Неготино рутински си ја одработи задачата од почеток на натпреварот па се до крај на натпреварот.

Најефикасен во составот на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со седум гола, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Андреј Божиновски со 11 голови.

(фото-Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.