Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа против АЕК Атина со конечни 30-19.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот го презеде водството и на пауза имаше предност од 10-8. Во вториот дел битолскиот тим ја зголеми предноста за на крај да забележи убедлива победа против гостинскиот тим.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со седум погодоци, додека кај екипата на АЕК Атина најефикасен беше Патрик Андре Тониацо со осум погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷