Металург триумфално против Пелистер во Битола

Ракометарките на Металург забележаа победа против екипата на Пелистер со конечни 29-20 во натпревар од 4. коло од плеј-офот во Супер лигата.

Во првото полувреме се играше гол за гол, но Металург успеа со предност од еден гол да замине на полувреме 13-12. Во вториот дел Металург ја зголемуваше разликата за на крај да забележи победа против Пелистер.

Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Божиноска со десет гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Марија Јанкуловска со седум гола.

(фото-ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.