Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Елверум со конечни 39-30 и со победа го завршија настапот во групната фаза во Лигата на шампионите.
Вардар во првото полувреме го презеде водството и на пауза замина со предност од 17-16. Во вториот дел вардарци со добра одбрана славеа победа против Елверум.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека кај екипата на Елверум најефикасен беше Ерик Јохансон со осум погодоци.
(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷