Ракометарките на Ѓорче Петров го совладаа тимот на Вардар со 25-23 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Во првото полувреме Вардар го имаше водството и на полувреме замина со предност од 13-9. Во вториот дел Ѓорче Петров успеа да се врати за на крај да слави победа против Вардар.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со седум гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска со шест гола.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷