Екипата на Металург забележа убедлива победа против Стружанка со 26-13 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, но Металург успеа со водство од 10-8 да замине на полувреме. Во второто полувреме Металург ја направи голема разликата и славеше против Стружанка.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Божиноска со девет погодоци, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Мендувие Далипоска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷