Ракометарите на Прилеп славеа победа против екипата на Голден Арт со конечни 30-25 во полуфиналето од Групата Г во Купот на Македонија.
Од почетокот на натпреварот Прилеп беше во водство, на полувреме прилепчани имаа предност од 17-14. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Прилеп за на крај да забележи победа против Голден Арт.
Најефикасен во екипата на Прилеп беше Давор Шокоски со шест погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Ивица Илиев со девет погодоци.

(фото-Рк Прилеп)📷