Екипата на Вецлар се засили со пикерот Ерик Шмит кој доаѓа од екипата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.
Ерик Шмит кој има 29 години со германскиот тим Вецлар потпиша договор на две години до 2024 година и настапува на позицијата пикер. Ерик Шмит претходно настапуваше за Кадетен Шафхаузен, Магдебург, Фуксе Берлин, а настапуваше и за репрезентацијата на Германија.
„Проектот со младиот тим го сметам за супер возбудлив и со нетрпение очекувам да можам да се докажам овде како постар играч,” – изјави Ерик Шмит.


(фото-Рк Вецлар)📷