Ракометарките на Металург забележаа победа против Астибо со убедливи 43-19 и ќе играат во финалето за пласман на Ф4 во Купот на Македонија.
Од почетокот на првото полувреме екипата на Металург обезбеди висока предност и на пауза замина со предност од 22-12. Во вториот дел Металург ја завери убедливата победа против Астибо.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Младеновска со седум погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Драгана Стојанова исто така со седум погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷