Металург РА запиша победа на гостувањето кај екипата на Текстилец

Ракометарите на Металург РА остварија убедлива победа на гостувањето во Штип кај екипата на Текстилец со убедливи 30-18 во натпревар од Првата лига.

Металург РА го презеде водството во првото полувреме и на полувреме имаше висока предност од 16-8. Во вториот дел продолжи да растe разликата на Металург РА и да оствари убедлива победа против Текстилец.

Најефикасен во екипата на Металург РА беше Александар Петковски со пет погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Александар Димитров со четири погодоци.

(фото-Рк Металург РА)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести