Ракометарките на Ѓорче Петров славеа против Кузман Вардар Илинден со убедливи 42-19 во полуфиналето од Група А од Купот на Македонија.
Ѓорче Петров уште во првото полувреме беше фаворит кога на полувреме замина со предност од 19-8. Во вториот дел Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога против Кузман Вардар Илинден.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Симона Василева со девет гола, додека кај екипата на Кузман Вардар Илинден најефикасна беше Нина Милевска со четири гола.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷