Куманово ја совлада Деспина и се пласира на Ф4 во Купот на Македонија

Ракометарките на Куманово остварија победа против Деспина со 28-19 и обезбедија пласман на Ф4 во Купот на Македонија.

Куманово го презеде водството, и на полувреме го сочуваа водството од 15-11. Во вториот дел Куманово ја завери победата против Деспина.

Најефикасна во екипата на Куманово беше Пена Граматова со осум погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со четири погодоци.

(фото-ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.