Египетскиот интернационалец Сеиф Елдера потпиша за францускиот тим Лимож, тој потпиша договор на две години.
Сеиф Елдера кој има 23 години на тимот ќе му се приклучи на лето во јули 2022 година. Тој пристигнува од Замалек, а беше дел и од репрезентацијата на Египет. Сеиф Елдера имаше добар настап во репрезентацијата на Египет до 21 година со која стана вицешампион на Африка во 2019 година и го освои бронзениот медал на Светското првенство истата година каде што беше и МВП на турнирот.
“Среќен сум што се приклучувам на Европа, во мојата кариера тоа е цел што се остварува.
Нов тим, ново првенство, нови предизвици, работев напорно за да стигнам до таму и ќе продолжам да давам се за да ги асимилирам сите промени на спортски план, но и на живот во нова земја, со нова култура и друга јазик за учење,” – изјави Сеиф Елдера.
(фото-Рк Лимож)📷