Европската ракометна куќа (ЕХФ) ги делегираше арбитрите за првите нокаут натпревари во Лигата на шампионите.
На првиот натпревар помеѓу Вардар 1961 и Веспрем што ќе се одигра во Скопје, делегирани се судиите Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска, додека делегат на натпреваро ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за 31 март (четврток) со почеток во 18:45 часот.
(фото-Рк Вардар 1961)📷