Ракометната федерација на Словачка реши да ја прекине соработката со селекторот Петар Кукучка по неуспехот во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2023 година, откако Словачка ги загуби двата баражи од Белгија.
„Со селекторот на машката репрезентација Петар Кукучка се договоривме да ја прекинеме соработката. Неговото разрешување денеска едногласно го потврдија членовите на Извршниот комитет на ракометната федерација на Словачка,” – изјавија од федерацијата на Словачка.
(фото-Ракометна Федерација на Словачка)📷