Кастамону се засили со хрватката Катарина Јежиќ

Екипата од Турција, Кастамону се засили со хрватската репрезентативка Катарина Јежиќ која доаѓа од Шиофок од Унгарија.

Катарина Јежиќ со екипата на Кастамону потпиша договор на една година. Јежиќ настапува за Шиофок, а настапуваше и за Баја Маре, Локомотива Загреб, Будуќност, настапува и за репрезентацијата на Хрватска.

„Многу сум среќна што ќе играм и ќе се натпреварувам во Кастамону следната сезона. Верувам дека ќе имаме добра и успешна сезона. Ќе дадам се од себе за да донесам многу енергија, радост и напорна работа во тимот,“ – изјави Катарина Јежиќ.

(фото-ЖРК Кастамону)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.