Тор Акурејри на Алушовски и Јагуриновски продолжува со победите во втората лига во Исланд

Екипата на Тор Акурејри од Исланд каде тренер е Стевче Алушовски и каде настапува Томислав Јагуриновски забележа победа на гостувањето кај екипата на Кодренгир со убедливи 21-32.

Десниот бек Томислав Јагуриновски поради повреда не настапи на овој натпревар. Тор Акурејри на табелата е на четвртата позиција со 23 бодови.

(фото-Рк Тор Акурејри)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.