Ракометарките на Куманово ја совладаа екипата на Ѓорче Петров на гостински терен со 20-24 во плеј-офот во Супер лигата.
Куманово со добра игра имаше водство на полувремето од 7-13. Добрата игра продолжи и во вториот дел на Куманово за на крај да забележат победа против Ѓорче Петров.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со седум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Сара Цветановска со шест гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷