Екипата на Алкалоид оствари убедлива победа на домашен терен против екипата на Јехона со убедливи 48-22 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.
Алкалоид од почетокот на натпреварот имаше високо водствот, и на полувреме замина со предност од 26-9. Во вториот дел Алкалоид ја зголеми предноста за на крај да слави со убедлива победа против Јехона.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Михаил Ивановски со седум гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошкоски со шест погодоци.

(фото-Рк Алкалоид)📷