Ракометарите на Металург РА ја забележаа втората победа во плеј-аутот откако во Автокоманда ја декласираше екипата на Партизан Гевгелија со убедливи 42-25.
Металург РА го презеде водството во првото полувреме и на полувреме имаше високо водство од 19-10. Во второто полувреме Металург РА ја завери победата против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во екипата на Металург РА беше Филип Фидановски со осум погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски исто така со осум погодоци.

(фото-Рк Металург РА)📷