Ракометарите на Бутел Скопје го совладаа тимот на Тиквеш 2014 со 32-29 во плеј-офот во Супер лигата.
Бутел Скопје добро го започна првиот дел од натпреварот, и на пауза замина со предност од 16-11. Во второто полувреме Бутел Скопје ја завери победата против Тиквеш 2014.
Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со седум гола, додека кај екипата на Тиквеш 2014 најефикасен беше Стефан Трпчевски со шест погодоци.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷