Цела сала распродадена за мечот Еурофарм Пелистер и Нексе во Битола

Еурофарм Пелистер и Нексе ќе го одиграат реваншот во осминафиналето во Лигата на Европа. Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Нексе со 29-26, но во реваншот ќе биде жешко затоа што од клубот најавија дека цела сала “Боро Чурлевски” во Битола е распродадена и повеќе нема билети за натпреварот.

Реваншот од осминафиналето помеѓу Еурофарм Пелистер и екипата на Нексе ќе се одигра на 05 април (вторник) во 18:45 часот во Битола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести