Екипата на Спартак забележа минимална победа против Гевгелија со 29-28 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Спартак од почетокот на натпреварот беше во водство па така на полувреме замина со минимална предност од 14-13. Во вториот дел Спартак го задржа водството за на крај да забележи минимална победа против Гевгелија.
Најдобар стрелец во составот на Спартак беше Ангела Гроздановска со десет погодоци, додека во екипата на Гевгелија најдобар стрелец беше Драгица Митрова со 12 погодоци.
(фото-ЖРК Спартак)📷