Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди арбитрите за реванш средбата помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе што ќе се одигра во Битола.
Судиите од Словачка Михал Бадура и Јарослав Ондогречула ќе го судаат натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во Лигата на Европа, додека делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.
Натпреварот ќе се одигра во вторник во 18:45 часот во салата “Боро Чурлевски” во Битола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷